Connect with us

Фудбал

Оливер Кан ќе ја плати сметката за неуспесите на Баерн Минхен

Извршниот директор на Баерн Минхен, Оливер Кан наскоро би можел да биде отпуштен од функцијата во клубот по излегувањето на Баварците од четвртфиналето од Лигата на шампионите. Според германските медиуми, прашање на време е кога ќе се случи тоа.

Меѓу главните кандидати за негов наследник е Филип Лам, кој, сепак, во моментов е директор на организацијата на ЕП 2024 во Германија.

Малку поинаква е ситуацијата со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, кој засега може да биде сигурен во својата позиција бидејќи, како што велат, е „човекот на Ули Хонес“.

Легендарниот голман стана член на бордот на директори на Баерн во јануари 2020 година, а една година подоцна ја презеде функцијата извршен директор.