Connect with us

Други спортови

Отворено балканското првенство во пинг понг за млади играчи

Во СЦ „Форца“ во Скопје денес свечено беше отворено Балканското првенство во пинг понг за јуниор и кадети. Првенството за отворено го прогласи градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Дванаесет држави со над 120 натпреварувачи во сите категории во наредните пет дена ќе се борат за епитетот балкански првак во екипна и поединечна конкуренција, на најмасовното Балканско првенство одржано до сега.

Денес и утре на програмата се натпреварите во екипна конкуренција. Натпреварите во поединечна конкуренција започнуваат во петок.

Првенството завршува во недела на 16 јуни со церемонијата на свеченото доделување на одличијата на најдобрите во поединечна конкуренција.