Фудбал
„Ова е само почеток на големите инвестиции на Саудиска Арабија“
Питер Хатон, еден од членовите на управниот одбор на Про лигата на Саудиска Арабија, истакнува дека ваквите огромни инвестиции на најбогатите клубови од оваа земја не се краткотрајни приказни.
Во една лига од следната сезона ќе играат Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Садио Мане, Роберто Фирмино, Џордан Хендерсон, Фабињо, Енголо Канте, Марсело Брозовиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Калиду Кулибали, Едуард Менди, Рубен Невес. Не, не е ниту Премиер лигата или Ла Лига. Тоа не е ниту Лига 1 ниту Серија А. Всушност, тоа не е некоја европска лига, туку Про лига на Саудиска Арабија.
Вакво нешто до пред неколку месеци беше незамисливо, новата реалност е дека најбогатите клубови во Саудиска Арабија можат да купат секој играч од Европа. За тоа сведочи понудата која беше доставена до Пари Сен Жермен од 300 милиони евра за Килијан Мбапе. Многумина мислат дека ова е само „лош сон“ и дека брзо ќе заврши. Како и сличен процес, само на пониско ниво, кој се одржа пред неколку години во Кина. Сепак, тоа мислење не го дели ниту еден од членовите на бордот на директори на Про лигата, Питер Хатон.
– Убеден сум дека овие буџети се проектирани за наредните години. Не гледам дека моментумот се намалува. Ова е само почеток на големите инвестиции на Саудиска Арабија. Работам во професионалниот спорт повеќе од 40 години и досега не сум видел толку голем и амбициозен проект – изјави Хатон .
Со оглед на тоа дека преодниот рок во Саудиска Арабија трае три недели подолго од Европа, јасно е дека за помалку од два месеци може да се случат поспектакуларни трансфери.