Фудбал
Оваа анализа на Тиери Анри ќе ги разбесни Луис Енрике и ПСЖ
Тиери Анри беше еден од оние кои го критикуваа настапот на ПСЖ против Арсенал, од кого загуби (2-0) во групната фаза на Лигата на шампионите. Поранешниот играч на Топџиите смета дека избраниците на Луис Енрике се претставиле лошо во Лондон, но меѓу редови може да се прочита дека не бил изненаден од поразот. Еве што изjави тој во „CBS“:
„Да, парискиот тим беше избалансиран и имаше посед, но тоа беше се. И тоа не е доволно. ПСЖ веќе го нема тој играч кој го тера тимот да се движи, како порано.
Се гледа дека има идеја за играта, дека играчите знаат што да прават, но кога ќе се доближат до противничкиот простор, освен Баркола кој се обиде, не знаат како да завршат. Нормално е дека во овој момент Арсенал го совлада ПСЖ во Лондон, особено овој париски тим“.