Connect with us

Други спортови

Падна „Александар Македонски“, Волкановски поразен со брутален нокаут уште во првата рунда (ВИДЕО)

Александар Волкановски, кој се бори под знамето на Австралија, а има македонско потекло, и кој има прекар Александар Македонски е поразен од Ислам Махачев уште во првата рунда. Махачев победи со класичен нокаут. Махачев со технички нокаут во првата рунда го сопре Волкановски. Борбата ја заврши со удари од земја по спектакуларен лев хај-кик, кој добро го сокри и одлично го погоди. Инаку,  Махачев требаше да го брани појасот против Чарлс Оливеира, но поради расекотина не настапи и го замени Волкановски.