Connect with us

Фудбал

Педро ги брои последните денови во Челзи, чека на МЛС и тимот на Бекам

Педро Родригез ќе премине во МЛС лигата во јануари, пренесува goal.com. Шпанецот го загуби местото во составот на Челзи оваа сезона и по неколку дена ќе избира помеѓу Њујорк Сити или Интер Мајами.

Триесет и две-годишниот Шпанец има само шест месеци под договор со Челзи и ќе биде ослободен од клубот без скоро никакви пари. Интер, сопственост на Дејвид Бекам, е најверојатната дестинација за Педро со оглед на огромното шпанско население во Мајами, но Њујорк ќе понуди сличен договор, а можеби и подобар.
Сепак, Педро призна дека неговиот сон е да се врати во Барса.

– Ако ме бараат мене, јас прекинам сè и оставам. Игравме со нив во текот на летото и откако разговарав со тренерот, видов можност да се вратам, но тоа исчезна брзо. Не знам каде ќе продолжам да играм, изјави Педро.