Connect with us

Фудбал

Пеп без размислување одговори кој е најталентираниот играч со кој играл!

На настан во Кунео, град во Италија, Пеп Гвардиола одржа предавање и зборуваше на различни теми.

Меѓу другото, го прашале кој играч е најталентиран од сите со кои играл, без размислување одговори:

„Роберто Баџо“.

Кога ќе ги погледнеме фудбалерите кои играа со Гвардиола, ќе видиме дека тоа беа Роналдо, Ривалдо, Луис Фиго, Чави, Патрик Клајверт, Франческо Тоти, Габриел Батистута…

Роберто Баџо и Пеп Гвардиола играа заедно за Бреша кога беа раководени од Карло Мацоне.

Тој разговараше и со студенти кои сакаат да станат професионални фудбалери.

“Не можете да го развивате својот талент дома, не можете да го развиете на Инстаграм или Твитер. Невозможно е. Својот талент го развивате со вежбање и правење грешки. Дали сакате да играте фудбал? Тогаш мора да играте многу“, рече тој .

Дополнително, Гвардиола истакна дека никогаш не бил во контакт со Јувентус, и дека не би имал ништо против да го води италијанскиот тим во иднина.