Connect with us

Фудбал

Пеп го нападна Менди за социјални мрежи, овој му одговори на социјалните мрежи!

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити, е воодушевен од играта на французинот Бенџамин Менди.

Менди беше брилијантен со две асистенции во победата над Арсенал (2:0) на Емирати стадионот во неделата, а по завршувањето на натпреварот Гвардиола испрати интересен коментар.

“Менди Менди, понекогаш сакаме да го убијеме, а понекогаш мислиме дека какво играчиште имаме. Ни дава енергија. Менди има многу работи во кои треба да се подобри и да се надеваме дека ќе го убедиме да заборави малку на социјалните мрежи”, рече Гвардиола.

Гледајкија на објавата на Твитер, бидејќи изјавата на Пеп беше пренесена на официјалниот канал на Манчестер Сити, Менди напишал: “Упс” и едноставно рече дека без социјалните медиуми денес не може.

Сити следниот дуел го игра против Хадерсфилд и граѓаните веднаш покажа дека се подготвени да ја одбранат титулата.