Фудбал
Перез пронајде план за да го задржи Модриќ во клубот
Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ се поврзува со Интер, но не е познато колку овие шпекулации се вистинити.
Многумиа го „преселија“ Модриќ од „Сантијаго Беернабеу“, но Реал сепак би бил среќен доколку го задрши едниот од своите најдобри играчи и не се со „вкрстени раце“ и го чека епилогот, туку работи на „случајот“ Модриќ.
Како што пишуваат медиумите претседателот Флорентино Перез пронајде начин за како да го задржи Модриќ во клубот – со покачување на платата.
Модриќ моментално заработува 6.5 милиони евра по сезона, а Интер му понуди 10милиони евра. Не е познато колкава ќе биде понудата на Перез, но се шпекулира дека во најмала рака таа ќе биде изедначена со онаа од Милано.
Лука Модриќ повеќе пати изјави дека најсреќен би бил доколку кариерата ја заврши во Мадрид, но дали некои работи се сменети по ова прашање. Одговорот ќе го добиеме за кратко време.