Connect with us

Ракомет

Перо Антиќ и Звезда слават победа над Барселона

Перо Антиќ и Црвена звезда славеа победа над фаворизираната Барселона во меч од 2.коло на Евролигата.

На средбата одиграна вечерва во Белград, Црвена звезда ја победи Барселона со 90-82. До овој триумф црвено-белите ги предводеше Милко Бјелица кој постигна 23 поени, еден повере од Американецот, Тејлор Рочести.

Забележителна улога имаа и Французинот, Матијас Лесор со 13 поени и 9 скокови, како и поранениот македонски репрезентативец Перо Антиќ кој покрај 10 поени имаше и 9 скокови.

Од денешната програма веќе заврши и мечот Химки – Жалгирис со победа на рускиот тим од 85-77.

Во тек се последните две средби во кои играат, Олимпијакос – Уникаха и Валенсија – Анадолу Ефес.