Connect with us

Фудбал

Петковски го обнови договорот со Работнички

Младинскиот репрезентативец Петар Петковски го обнови договорот со Работнички. Тој потпиша нов едногодишен договор со клубот и ќе му биде на располагање на тренерот Александар Влахо во продолжението од шампионатот.

– Среќен сум што ја продолжувам соработката со Работнички. Благодарност до раководството на клубот за разбирањето и за обновената доверба. Верувам дека ќе бележиме многу подобри резултати во периодот што следи. Фокусиран сум максимално на тренинзите и брзо ќе се вратам во потребниот натпреварувачки ритам, изјави Петковски за официјалната веб-страница на „романтичарите“.

Петковски минатата сезона беше еден од најдобрите играчи во тимот, а раководството успеа да го задржи уште една сезона.