Connect with us

Други спортови

Петнаесет златни медали за македонските кик-боксери на „Балкан бест фајтерс“ во Ниш

На Меѓународниот турнир во кикбокс што од 15 до 17 ноември се одржа во Ниш, Србија, македонските натпреварувачи освоија 15 златни медали.

Најмногу од нив – шест се за клубот Шампион, три злата отидоа кај Про кик фемили, а по едно прво место изборија кикбоксерите на Гладијатор, Работнички Адора, Горила, Наско тим, Самурај и Лидер.

Носители на златни медали:

Клуб – Шампион:
Андреа Костовска (сениори) – ЛК -56 кг.
Марко Тодоров К-1 -60 кг.
Емир Ибраим К-1 -63,5 кг.
Викторија Варадинова К-1 -65 кг.
Нелсон Узеир КЛ +69 кг.
Сесилија Велковска КЛ -65 кг.

Клуб – Про Кик Фемили:

Про кик Фемили

Стефан Михајловски (сениори) КЛ +94 кг.
Марко Тодоровски (јуниори) КЛ -63 кг.
Мија Стерјовска (јуниори) КЛ -55 кг.

Клуб – Гладијатор:
Никола Нацев (јуниори) КЛ +94 кг.

Клуб – Горила:
Виктор Велјановски (јуниори) КЛ -89 кг.

Клуб – Работнички Адора:
Александар Георгиевски (јуниори) КЛ -74 кг.

Клуб – Самурај:
Леа Бошевска (јуниори) КЛ – 50 кг.

Клуб – лидер:
Јани Постолов (пионери) КЛ, -47 кг.

Клуб – Наско тим:
Фериз Азири (млади јуниори) ЛК, -42 кг.

На турнирот учествуваа повеќе од 400 кик-боксери од осум држави. зс/