Connect with us

Фудбал

ПМФЛ: Без голови на дербито на врвот меѓу Работнички и Шкендија

Работнички и Шкендија ги поделија бодовите без голови во еден од петте натпревари кои попладнево се одиграа во рамки на 13 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Ремито во дербито на врвот го искористија Силекс и Гостивар, кои со гостински победи над Брера Струмица и Шкупи, му се приближија на бод на лидерот Работнички.

Гостински триумф забележа и актуелниот шампион Струга над Беса, додека без голови заврши дуелот меѓу Воска и Тиквеш.

Прволигашкото 13 коло ќе биде комплетирано вечерва со дерби натпреварот во Битола меѓу вечните ривали Пелистер и Вардар.

Резултати – 13 коло:

Брера – Силекс 0-1, Работнички – Шкендија 0-0, Беса – Струга 1-2, Шкупи – Гостивар 0-1, Воска – Тиквеш 0-0.

Пелистер – Вардар (19 часот).

Standings provided by Sofascore