Connect with us

Фудбал

По 20 години повторно се активира ФК Ударник – еден од најстарите македонски фудбалски клубови

Најстариот фудбалски клуб на истокот од Македонија ФК Ударник вчера го одигра првиот официјален натпревар во рамки на третата македонска фудбалска лига. Со тоа се стави официјален старт на нова приказна со длабока историја. По повеќе од 20 години пауза, ФК Ударник повторно е дел од третата македонска фудбалска лига – Исток.

Вчера ФК Ударник го одигра својот прв натпревар за оваа сезона во трета лига Исток против екипата на Малеш Берово, со завршен резултат 2:1. Првиот гол на натпреварот го постигна Крсте Тодоров со што ФК Ударник водеше со 0:1. Играјќи во тешки временски услови со обилен дожд домаќините успеаа да го поведат резултатот со постигнати 2 гола.

Фудбалскиот клуб од Пирава (место во близина на Валандово) во своите редови имаат неколку искусни имиња и со прволигашко искуство како Александар Тенекиџиев, Крсте Тодоров.

Од клубот сите информации ги споделуваат транспарентно на нивната официјална страница на Фејсбук, а опстанокот секој може да го помогне со донација.

„Сметката е отворена за донации за секој кој сака да допринесе за клубот и да учествува во следните активности. За секоја донација следува Благодарница. На крајот на сезоната ќе биде објавен извештај за потрошените средства од донациите“, велат од клубот.

Управниот одбор на чело со претседателот Митко Прнарков, велат дека целта на обновата и постоењето на клубот е спортско-натпреварувачки дух.

„Целта на нашето постоење е рекреација, сплотени играчи и навивачи, ентузијазам и пред се спортски натпреварувачки дух. Затоа, јавен апел до сите фудбалери од секое населено место во Општина Валандово, вратите на нашиот фудбалски клуб се отворени за секој! Притоа ве замолуваме да не мешаме политика ниту реваншизам или провокации од било кој тип и да уживаме во претстојните спортски денови“, велат од управниот одбор.

Големи компании од Македонија како Aqualux  донираа средства и опрема за возобновување на овој фудбалски клуб од истокот на Македонија. Клубот деновиве се пофали и со донација од Турција.

„Голема благодарност до Турската компанија ALUCOREX и до мојот пријател Г-дин Ердем Ердинч за великодушната донација и голем допринос кон ФК Ударник“, пишува претседателот на клубот.

Во продолжение погледнете го распоредот за останатите натпревари: