Connect with us

Фудбал

По паузата, време е за возбудливи натпревари во ПМФЛ – Ставрев ќе суди на Вардар и Македонија ЃП, во Тетово делегиран Маркоски

Овој викенд во рамките на 10. коло од ПМФЛ (Прва македонска фудбалска лига) не’ очекуваат возбудливи натпревари, по репрезентативната пауза.

На дербито во Тетово, меѓу Шкендија и Академија Пандев, на центарот ќе застана охриѓанецот Марјан Маркоски. Васко Мавров ја доби довербата да суди на натпреварот меѓу Силекс и Ренова, додека Јован Качевски ќе означи старт на дуелот Борец – Шкупи.

Шкендија – Академија Пандев

Македонија Ѓ.П – Вардар

Борец – Шкупи

Работнички – Струга Трим Љум

Силекс-Ренова

Натпреварите стартуваат во 14.30.