Connect with us

Кошарка

Победи на водечките екипи во Евролигата

Водечкиот тандем во кошаркарската Евролига, ЦСКА Москва и Олимпијакос забележаа победи во натпреварите од 14.коло.

Екипата на ЦСКА Москва го доби руското дерби против московскиот ривал Химки со 79-68.

Најефикасен во победничката екипа беше Кори Гигинс со 26, додека Никита Курбанов постигна 18 поени. Кај гостите најмногу поени – 16 постигна Алексеј Швед.

За ЦСКА ова е единаесетта победа, по која московскиот тим ќе остане на врвот на табелата, со ист учинок (11 победи – 3 порази) како и второ пласираниот Олимпијакос кој вечерва на гостувањето во Истанбул го победи Анадолу Ефес со 61-58.

Вечерва ќе се играат последните две средби од ова коло во кои Басконија е домаќин на Барселона, а Уникаха го пречекува Армани Милано.