Connect with us

Тајмаут

Почина Слободан Вујчиќ – Брацо, поранешен финансиер на неколку спортски екипи низ земјава

Денеска на 70-годишна возраст по кратко боледување почина Слободан Вујчиќ, познат под надимакот Брацо.

Брацо дојде во нашата земја на крајот од минатиот, и почетокот на овој век како финансиер на Вардар. Тогаш Вардар во 2003 година го направи најголемиот успех кога стигна до 3. квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Тој спонзорираше и многу други клубови како Цементарница, Македонија ЃП, Слога Ј., Победа, Борец, Еуромилк, Локомотива, а се појавуваше и како ко-финансиер на Работнички и Тетекс.

Вложуваше средства и во екипи во други спортови.

Неговата компанија СВ-РСА и Спорт 5 во минатото ги застапуваше ТВ правата на голем дел од клубовите, како и на репрезентацијата.