Фудбал
Подзаборавен во Манчестер Јунајтед ги продолжи тренинзите

Добри вести од таборот на Манчестер Јунајтед во пресрет на нивниот дуел од групната фаза во Лигата на шампионите со дански Копенхаген. Натпреварот е вечерва од 22:00 часот на Олд Трафорд.
По поразите од Баерн Минхен и Галатасарај, тимот на Ерик Тен Хаг е на дното на табелата.
Оптимистичкото нешто за холандскиот стручњак е што еден од заборавените фудбалери продолжи со тренинзите. Во активноста учествуваше холандскиот лев бек Тајрел Маласија. Не вежба со општата група, туку работи со топка.
Од почетокот на сезоната тој се уште нема играно бидејќи се опоравува од тешката повреда на коленото. Се очекува тој да биде целосно фит за враќање околу божиќните и новогодишните празници.