Connect with us

Фудбал

Погба: Бевме ужасни, мојот став беше погрешен

Манчестер Јунајтед вчера беше поразен со 3:2 од Брајтон во второто коло од англиската Премиер лига.

Можеби се очекуваше дека ќе му биде тешко на Јунајтед, но не очекуваше пораз со три гола примени, за екипата на Жозе Мурињо.

Португалцот се разочара а неговите играчи се свесни дека биле ужасни, па Пол Погба изјави за Sky Sports News:

“Изгубивме и ставот кој го имавме денес е погрешен. Почнувам прво од мене, мојот став не беше доволен, но ќе продолжиме да се бориме и очигледно ова е една лекција. Брајтон повеќе ја сакаше оваа победа од нас.” рече Погба, додавајќи:

“Направивме некои грешки кои немавме намера да ги направиме. Ставот мора да биде вистински и ние овој пат го немавме”.

Јунајтед во првото коло од пред седум дена го победи Лестер на Олд Трафорд, но вистинскиот тест допрва треба да дојде во третото коло против Тотенхем.