Фудбал
Погба: Подобро ништо да не зборувам, би можел да бидам казнет
Изјавата на Пола Погба ги загрижи сите навивачи на Манчестер Јунајтед, без оглед на тоа што не кажа директно.
Договорот беше стрелец во победата на Јунајтед против Лестер (1:0) во петокот на отворањето на новата Премиер лига. Во текот на овие летни недели, Французинот се поврзуваше со други тимови и веќе долго време се шпекулира, дека не е во добри односи со менаџерот Жозе Мурињо.
Пред две години, тој дојде од Јувентус тогаш како најскап фудбалер на светот, но 25-годишниот јасно е дека има некаков проблем.
“Вие треба да знаете една работа: Играчот кој е среќен е подобар од оној играч кој не е среќен. Тоа е се што можам да кажам. Не смеам да кажам ништо, бидејќи би можел да бидам казнет”, рече Погба по дуелот со Лестер.
“Ако не сте задоволни, не можете да дадете се од себе. Но, некои работи не може да се каже, во спротивно ќе бидете казнети”, додаде тој.
Погба беше шампион на светот со Франција во Русија и сигурно сега е среќен, но и самиот знае дека треба се да функционира за да се гарантира успех.