Фудбал
Поради што ПСЖ би можел да биде приморан да го продаде Нејмар?
Во финишот на преодниот рок повторно се појавија шпекулациите дека Нејмар ќе го напушти ПСЖ и дека ќе потпише за реал Мадрид.
Нејмар минатото лето стана најскапиот играч во историјата затоа што за 222 милиони евра од Барселона премина о ПСЖ. Сепак, веќе со месеци се шпекулира дека Бразилецот по само година дена го напушта францускиот клуб, а најголем интерес за него покажува Реал Мадрид.
Иако во последниве недели не се зборуваше многу за Нејмар, овие денови темата повторно се отвори. Шпанските медиуми пренесуваат дека Флорентино Перез стана очаен затоа што се уште нема донесено некое големо засилување и замена за Кристијано Роналдо, кој после девет години ги напушти „Кралевите“.
Од друга страна, угледниот „L’Equipe“ објави дека ПСЖ би можел да биде приморан да го продаде Нејмар и да заработи преку 300 милиони евра. Парижаните имаат проблем со финансискиот фер – плеј поради трансферите на Нејмар и Мбапе, а доколку го продадат Бразилецот тоа ќе се реши.
Перез веќе подготвил преку 300 милиони евра за Нејмар и верува дека некогашниот играч на Барселона ќе заигра во дресот на Реал Мадрид.