Фудбал
Поради спонзорот, Барселона го менува името на стадионот?!

Барселона ја започна соработката со компанијата „Најк“ уште во 2018 година, оттогаш клубот од „Ноу Камп“ добива околу 100 милиони евра годишно од познатиот производител на спортска опрема. Актуелниот договор трае до 2028 година, а двете страни се заинтересирани за потпис на нов договор.
Што смислиле?
Имајќи предвид дека Барселона сега своите натпревари ги игра на Олимпискиот стадион, познат и како „Монжуик“, тој стадион би можел да се преименува, што е предлог на Барселона да заработи повеќе пари од спонзорскиот договор. Компанијата „Најк“ би имала право да создаде име за стадионот, но пред се Барселона мора да добие дозвола од градот бидејќи стадионот не е во сопственост на ниту еден клуб.