Connect with us

Фудбал

Поранешната ѕвезда на Ливерпул и Челзи за чудо преживеа во Израел

Израелската легенда Јоси Бенајун за чудо преживеа несекојдневна семејна драма среде војната што беснее во Израел и Појасот Газа.

Поранешниот играч на Ливерпул и Челзи бил застрелан на влезот од неговата куќа, а потоа влегол во блискиот терен за да се сокрие. За тоа време во неговиот дом настанала крвава расправија.

Локалниот „Спорт 5“, цитиран од Тема спорт, тврди дека Шакед – внук на познатиот фудбалер – убил тројца членови на Хамас во нивната семејна куќа, откако тие се обиделе да упаднат.

Семејството на Бенајун живее во Појасот Газа, каде членовите на Хамас практично ги прогонуваат сите Израелци, убивајќи стотици веќе.

Остатокот од семејството беше спасен благодарение на херојството на Шакед, кој е офицер во израелската Голанска бригада, дел од локалните вооружени сили.

“Во шок сум, тоа беше големо чудо. Ова е најтешкиот ден во мојот живот, веќе прифатив дека сите сме мртви. Но, тогаш чудото се случи, благодарение на мојот херојски внук”, изјави Бенајун за Ynet.

Бенајун моментално е технички директор на репрезентацијата на Израел.

Бенајун во кариерата има 69 натпревари и 8 гола за Вест Хем, потоа се сели во Ливерпул (92/18), Челзи (14/1), Арсенал (19/4). За Израел има 102 натпревари со 24 голови. Во сезоната 2012/13 со Челзи ја освои Лигата на Европа.