Фудбал
Поранешниот шеф на Барса се поблиску до Атлетико

Поранешниот спортски директор на Барселона, Матео Алемани е блиску да стане заменик генерален директор на Атлетико Мадрид, пренесува Mundo Deportivo.
Во исто време, Андреа Берта ќе ја задржи функцијата спортски директор на „душеците“. Алемани долго време е пријател со сопственикот на Атлетико, Мигел Анхел Хил и тој постојано се обидувал да го покани во Атлетико.
Во летото, имаше информации дека Тотенхем го сака Алемани за спортски директор, но Спарс никогаш не успеаја да ја доведат ситуацијата до успешна завршница.