Ракомет
Португалски судии за нтпреварот со Црна Гора
За нашата утрешна средба со селекцијата на Црна Гора, ЕХФ делегираше судиска двојка од Португалија. Се работи за искусните Дуарте Сантос и Рикардо Фонсека, кои во првото коло ја судеа средбата Шпанија – Чешка.
Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов на теренот се во овој момент и ја судат средбата Норвешка – Белорусија.