Connect with us

Фудбал

Последниот состанок на Перез и Модриќ

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ (32) денеска повторно ќе одржи состанок со претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез.

Темата на состанокот е само една. Модриќ солно сака да премине во Интер и за тоа сака да разговара за последен пат со Перез 24 часа пред завршувањето на преодниот рок во Италија.

Модриќ ќе се обиде да го наговори Перез да го пушти. Нема повеќе желба за настапи во Реал Мадрид каде помина шест години од кариерата.

Вечерва би требало да се знае резултатот од состанокот. Досега Пераз беше тврдо одлучен за тоа дека Модриќ не е на Продажба и ќе видиме дали хрватскиот фудбалер ќе успее да го „омекне“

Веројатно ќе биде потребно вистинско чудо за претседателот на Реал да дозволи да замине уште една ѕвезда, посебно откако клубот остана без Кристијано Роналдо.