Фудбал
Постигнат договор, Симеоне е модерниот „Сер Алекс“!

Атлетико Мадрид и Диего Симеоне постигнаа договор за потпишување на нов договор.
Според информациите од Шпанија, Симеоне ќе потпише нов договор до летото 2027 година!
Симеоне на клупата на Атлетико дојде во 2011 година, што значи дека доколку остане до крајот на договорот, би можел да биде на клупата цели 16 сезони.
Такво нешто навистина ретко се случува во тренерската работа во модерниот фудбал, а може да се каже дека Симеоне е модерен Сер Алекс Фергусон.
Шкотланѓанецот беше менаџер на Манчестер Јунајтед 27 години и сите знаеме што освои и дека е еден од најголемите во историјата на фудбалот.
Симеоне секако заслужи да остане, а досега беше меѓу најплатените тренери во светот, што значи дека ќе остане таму, иако финансиските детали не се познати.
Се очекува потпишувањето на новиот договор да биде официјализирано во ноември.