Connect with us

Фудбал

Познато е колку ќе заработува Азар и за секоја минута како играч на Реал

Доцна синоќа, Реал Мадрид го потврди доаѓањето на Еден Азар. Кралскиот клуб конечно го реализираше трансферот на играчот кој се обидуваше да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“ веќе две-три години. Со самото доаѓање во шпанската престолнина, Азар стана најплатен играч на Реал Мадрид.

Белгискиот репрезентативец потпиша петгодишен договор со Реал, а официјално треба да биде претставен на 13 јуни. За реализација на овој трансфер, Реал на Челзи ќе му плати 100 милиони евра, а од разни бонуси, англискиот тим може да добие дополнителни 50 милиони евра од заминувањето на Азар.

Азар доби многу добар договор и ќе биде еден од најплатените фудбалери на денешницата. Годишната плата на офанзивниот играч ќе биде 21,5 милиони евра, што е многу повеќе од тоа што го добиваше во Челзи. Тоа значи дека Азар месечно ќе добива 1,73 милиони евра месечно. односно 450.000 евра неделна плата.Ако тоа се пресмета на дневно ниво, доаѓа по 64.187 евра, односно 2.680 евра на час. Секоја минута помината во Мадрид како играч на Реал, Азар ќе биде побогат за 43 евра.

? YEAR 19,200,000? MONTH 1,733,333? WEEK £400,000? DAY 57,142? HOUR 2,380? MINUTE £39? SECOND £0.66p

Gepostet von SPORTbible am Freitag, 7. Juni 2019

Извор: sportmanija.mk