Connect with us

Фудбал

Предводникот на Барселона ја нападна ѕвездата на Реал за овој дриблинг: Заслужува шлаканица затоа што се однесува како кловн (ВИДЕО)

Винисиус Јуниор повторно се најде на мета на критики. Фудбалерот на Реал Мадрид ги налути фудбалските фанови поради еден потег на мечот со Брага, а наиде на остри критики и од член на управата на Барселона.

– Не е расизам, но тој заслужува шлаканица бидејќи се однесува како кловн. Овие потези се непотребни и бесмислени на фудбалскиот терен – напиша Микел Кампс на Твитер и подоцна ја избриша објавата. Тој набрзо ја избриша објавата од социјалните мрежи, но медиумите веќе ја објавија.