Connect with us

Фудбал

Преглед на Карабао купот, шок за Ливерпул, Алиоски оди понатаму

Шок за Јирген Клоп и Ливерпул во Карабао Купот од Лестер.
Со головите на  Шинџи Оказаки и Ислам Слиман во првите  15 минути од второто полувреме Лестер го совлада  Ливерпул со 2-0 во Лига купот на Англија.  Ливерпул беше подобар во  првото полувреме. Клоп се реши да го повлече импресивниот Филип Кутињо на полувреме, и играта на Ливерпул страдаше веднаш потоа. Двата тима нема да чекаат долго на реванш, откако веќе во сабота ќе се судрат во Премиерлигата во меч во кој на Ливерпул ќе му треба добар резултат.

КАРАБАО КУП, 3.КОЛО

Астон Вила – Мидлзборо 0:2

Бурнемаут – Брајтон 1:0 по прод.

Брентфорд – Норич 1:3

Бристол – Стоук 2:0

Барнли – Лидс 2:2, 3:5 пен.

Кристал Палас – Хадерсфилд 1:0

Лестер – Ливерпул 2:0

Вест Хем – Болтон 3:0

Волверхемптон – Бристол 1:0 по прод.

Рединг – Свонси 0:2

Тотенхем – Барнсли 1:0

Advertisement