Connect with us

Фудбал

Преговорите во полн ек – 100 милиони евра и тројца фудбалери за Нејмар

Бразилскиот Глобоеспорт тврди дека ПСЖ и Барселона се во сериозни преговори за трансфер на Нејмар и тој би можел да се врати на Камп Ноу пред почетокот на новата сезона.

Според овој извор, Барса нуди 100 милиони евра и тројца фудбалери: Усман Дембеле, Самуел Умтити и Иван Ракитиќ. Со сите нив сумата ќе надмине 250 милиони евра што би бил нов светски рекорд.

Во овој случај најверојатно пресудна ќе биде желбата на Нејмар да се врати во Барселона, а од неговиот трансфер зависи и судбината на Антоан Гризман.

sportclub.mk