Connect with us

Фудбал

Пресврт без преседан: Ништо од Златната топка за Винисиус, Реал го откажа патувањето во Париз

Реал Мадрид го откажа патувањето на целата своја експедиција во Париз за гала вечерта за „Златната топка“, вклучително и Винисиус, што укажува дека Бразилецот не е добитник на престижната награда за најдобар играч на светот.

И покрај тоа што Марка и многу други медиуми го прогласија за добитник на Златната топка пред еден месец, се случи невиден пресврт и сега фудбалерот на Манчестер Сити Родри е главен фаворит за престижната награда. Авионот што го резервира Реал Мадрид требаше да полета од аеродромот Адолфо Суарез де Барахас во 15 часот, но Реал со оглед на информациите што ги доби од Париз го откажа патувањето на експедицијата во која учествуваа дури 50 луѓе.

Големо изненадување од кое станува јасно дека Реал веќе има информации дека Вини не е избран за најдобар играч на светот. Свеченото доделување на Златната топка за најдобар фудбалер во 2024 година ќе се одржи вечерва во Париз од 20:45 часот. Домаќин на церемонијата во театарот Шателе во Париз ќе биде Дидие Дрогба, а покрај Златната топка ќе бидат доделени и награди за најдобар голман, најдобар стрелец и најдобар млад фудбалер.