Connect with us

Тајмаут

Претседателот на ФФМ Сејдини го посети Драч: Ќе помогнеме на жртвите од оваа катастрофа

И Фудбалската федерација на Македонија се приклучува на помошта за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Албанија. За таа цел претседателот на ФФМ Мухамед Сејдини, беше во посета на Драч, заедно со неговиот колега од Албанија Арманд Дука, како и претседателот на косовската фудбалска федерација Агим Адеми.

„Со голема тага за природна катастрофа, ние се приклучуваме на Фудбалската федерација на Албанија во намерата да им помогнеме на семејствата погодени од земјотресот. Заедно со нашите пријатели од фудбалската заедница преземаме обврска за обнова на три срушени куќи од земјотресот со цел да надокнадиме дел од штетите на семејствата погодени од природната непогода.“, рече Сејдини.