Connect with us

Фудбал

Распродажба во Ливерпул: Клоп пречкртал дури седум играчи

Ливерпул минатата сезона беше најпријатно изненадување во Лигата на шампионите, а избраниците на Јирген Клоп влегоа во финалето каде што беа поразени од Реал Мадрид.

Оваа сезона, од Ливерпул многу се очекува, а поддржувачите се надеваат дека клубот конечно ќе ја освои титулата Шампион на Англија. Црвените не се менуваа многу, а за Клоп сигурно е важно дека тој успеа да ги задржи костеците на тимот со неколку дополнителни засилувања.

Германски стручњак има голем број играчи на располагање, но јасно е дека ќе има заминувања од Енфилд. Според англиските медиуми, Клоп пречкртал седум играчи и ги информирал дека нема претерано да смета на нив во оваа сезона. Иако во Англија преодниот период е завршен, тие имаат можност да одат во некои од клубовите каде што летниот преоден период сеуште е во тек.

Првиот кој го напушта Енфилд е естонскиот дефанзивец Рагнар Клаван, кој едноставно има премногу конкуренција во одбраната. На Клаван ќе му биде тешко да остане во тимот покрај Ван Дијк, Ловрен, Матипа и Гомез, па затоа се очекува да го напушти клубот. Марко Грујиќ исто така може да замине, најверојатно, ќе биде позајмен во еден од клубовите од Чемпионшип.

На излезните врати од Ливерпул се Симон Мињолет, Дивок Ориги, Лазар Марковиќ, Педро Чирвела и Шеи Ојо. Клоп отворено им кажа на овие играчи дека нема да го имаат момент што го очекуваат и дека е најдобро да бараат среќа во друг клуб.