Connect with us

Фудбал

Протекоа документи за измамата на Јуве. 23 ѕвезди под истрага, се соочуваат со тешки казни

На Јувентус минатата недела со судска одлука му беа одземени 15 бода поради финансиска измама. Тој е казнет за фалсификување финансиски извештаи, односно прикажување лажни профити на клубот, како и за малверзации со плати за време на пандемијата. Поради казната Старата дама падна на 10. место со 22 бода, исто толку колку што има и 11. Болоња.

Сепак, се чини дека бодовната казна нема да биде единствената што ќе го погоди славниот италијански клуб. Казната би можела да се прошири и на играчите кои наводно се вмешани во аферата, а италијанските новинари досега објавија 23 фудбалери кои се под истрага. Во првиот момент се чинеше дека 15 минус поени се единствената санкција што ќе ја погоди Старата дама, но новинарот Паоло Зилијани тврди дека тоа не е вистина.

Зилијани денеска објави сензационална вест која ја потресе Италија. Тој ексклузивно ги објави имињата на 23 играчи кои се под истрага затоа што прифатиле лажно помали плати и со тоа му користеле на Јувентус. Поради ова им се заканува суспензија од 30 дена, дури и ако повеќе не играат за Јувентус или Серија А.

Меѓу наведените има и бројни ѕвезди кои во последните години го носат дресот на Старата дама, меѓу кои и Кристијано Роналдо. Зилијани рече дека во рамките на истрагата биле сослушани сите инволвирани во приказната и дека признале дека учествувале во нечесни дејствија.

„Двајца играчи, Матијс де Лигт и Матија Де Шиљо, им дадоа на судиите копија од разговорот на WhatsApp во кој Џорџо Киелини им ја објасни измамата на сите, сугерирајќи им да не се споменува на печатот“, рече Зилијани.

Новинарот објави и официјални документи во кои се наведува времето на потпишување на договорот наречен „маневри за плата“, меѓу кои се наведени 23 играчи. Заедно со документите, тој рече дека секое од 23-те имиња се соочува со суспензија, барем на еден месец.

Заедно со Роналдо на листата се и Миралем Пјаниќ, Пауло Дибала, Леонардо Бонучи, Адриен Рабиот, Џорџо Киелини, Џанлуиџи Буфон, Гонзало Игуаин, како и тренерот Маурицио Сари.