Фудбал
Прв гол и прва победа за Ренова во новата сезона
Фудбалерите на Ренова попладнево во првиот натпревар од 5.коло од Првата фудбалска лига ја постигнаа првата победа откако го постигнаа и првиот гол сезонава во Првата лига. Совладана беше екипата на битолски Пелистер со 1:0, а стрелец на голот беше Ненад Мишковски во 65.минута.
Со денешниот триумф Ренова се проби на шестото место на табелата.
Другите дуели од оваа рунда се играат утре со почеток во 15:30 часот, а двојките се: Скопје – Вардар, Победа – Академија Пандев,Работнички – Шкендија и Силекс – Шкупи.
Табела: Шкендија 10, Пелистер 8, Академија Пандев 7, Вардар 6, Силекс 6, Ренова 5, Шкупи 4, Победа 4, Работнички 2, Скопје 2.