Connect with us

Кошарка

Прва меч топка за титула на МЗТ Скопје против десеткуваниот Работнички

МЗТ Скопје Аеродром вечерва пред своите навивачи има шанса по седми пат во клупската историја да го освои пехарот од домашното кошаркарско првенство.

Напорната сезона, повредите но и кратката клупа се дел од причините поради кои бранителот на титулата Работнички немаше сили за израмнување во вториот натпревар, дозволувајќи МЗТ Скопје да поведе со 2-0 во финалната серија од плејот.

Третиот натпреварот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ од 20:15.

Извор: 1ТВ