Connect with us

Кошарка

Првиот човек на ЦСКА бесен-Русите ги исфрливте, а Израелците ќе играат во Белград!

Израелските претставници во кошаркарската евролига како домаќини ќе играат во Белград. Тоа е случајот со тимот на Макаби Тел Авиви.

Поради војната на Израел со Палестина и постојаното бомбардирање на цивили, имаше опција тимовите од Израел да не бидат дел од Евролигата. Но, на крајот тие добија поддршка, па пронајдени се и алтернативни терени.

Секако ова не му се допадна на првиот човек на ЦСКА Москва, Андреј Ватутин, кој збесна. Како што е познато, сите руски спортски колективи беа суспендирани поради руската инвазија врз Украина.

-Пред две години ја исфрлија ЦСКА од Евролигата поради политички причини. Ниту објаснувањето што го добивме тогаш немаше смисла, бидејќи знаеме дека сè е направено од политички причини. Тогаш ни рекоа дека мораме да бидеме суспендирани поради безбедносни причини и проблеми со патувањето, никој не ни понуди опција да бидеме домаќини во друга земја“, рече Ватутин.