Connect with us

Фудбал

Раиола: Барса се однесуваше со Де Лихт како да купува сирење

„Во Барселона си помислија дека после трансферот на Де Јонг, сигурно ќе го купат и Де Лихт. Тие се однесуваа со него како да купуваат сирење. Причините поради кои го сакаа играчот не беа јасни. Дали навистина си мислеа дека играч како Пике ќе му го отстапи местото?“.

„Во Холандија гледаат на Барселона како на холандски тим, па на сите им беше логично дека Матијас ќе ја избере Барса. Меѓутоа, тој не се води според парите, а во Јувентус ќе може многу да напредува, Серија А е универзитет за дефанзивци“, истакна Раиола.