Connect with us

Ракомет

Ракометарите го одработија првиот тренинг во пресрет на ЕП

Македонската ракомента репрезентација го одработи и првиот тренинг во пресрет на подготовките за настап на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, кое старрува од 9 до 26 јануари наредната година, пишува Вечер.

На првиот собир не се појавија искусните Кире Лазаров, Борко Ристовски, Дејан Манасков, Стојанче Стоилов… кои ќе се приклучат на 2-ри јануари.

Македонија групната фаза ќе ја игра во Виена, а е во групата со Австрија, Чешка и Украина. Првиот меч „црвено-жолтите“ го играат против Украина на 10 јануари.

ФОТО: Петр Стојановски