Connect with us

Ракомет

Ракометарите загреани – победа во првата контрола пред ЕП

Македонската ракометна репрезентација славеше на првиот од двата предвидени контролни натпревари против Кувајт кои ќе се одиграат во Србија. Денеска, избраниците на Данило Брестовац забележаа победа од 27-24 (14-9), притоа селекторот на нашиот национален тим им даде минутажа на речиси сите ракометари.