Connect with us

Ракомет

Ракометарите заминаа за Србија – ќе одиграат два контролни натпревари

Ракометарите попладнево замина за Стара Пазова, Србија. Утре и задутре ќе одиграат два контролни натпревари против селекцијата на Кувајт.

Од Србија репрезетацијата ќе продолжи за Букурешт, Романија, каде викендов ќе настапат на турнирот „Трофеј Карпати“.

Потсетување дека Македонија на Европското првенство ќе игра во Б групата во Виена и тоа редоследно против Украина (10 јануари), Чешка (12 јануари) и домаќинот Австрија (14 јануари).