Connect with us

Фудбал

Распрпдадени сите дресови од Роналдо, познато е и колку заработи Јувентус

Пристигнувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус ги стави навивачите на Старата дама во транс, а неговите дресови едноставно “пламнаа” во продажбата.

Извештаи од Италија велат дека Јуве веќе продал 300.000 официјални дресови со неговото име на грбот, од кои 250.000 во првите 24 часа. Веќе во тоа време, на социјалните мрежи почнаа да циркулираат разни информации за тоа колку Јувентус заработил од дресот на Роналдо, но тие не беа точни.

Точната бројка треба да изнесува 6,5 милиони евра, бидејќи поголемиот дел од продажбата на дресови им припаѓа на Адидас, кој е технички спонзор на клубот.

Дресот на Јувентус за сезоната 2018/2019. чини 104,95 евра, а кој сака да купи само дрес од Роналдо со седмица, мора да плати уште 40 евра за печатење.

Во моментот, не е можно да се купи дресот на Роналдо затоа што сите се продадени, а ќе се продаваат повторно на крајот на септември, додека Адидас испорача доволно количество за сите заинтересирани купувачи.

Откако Јуве го плати Роналдо нешто повеќе од 100 милиони евра, со ова темпо ќе се врати многу од тие пари, само од дресови, што повторно кажува за каква ѕвезда станува збор.