Connect with us

Ракомет

Раул без Ојлески, Даскалоски и Велко Маркоски тргнува против Словенија

Фото: Gol.mk

Раул Гонзалез вечерва ги објави 16-те ракометари кои ќе ги пријави за утрешниот натпревар против Словенија.

Тој ги изостави Златко Даскалоски, Велко Маркоски, Гоце Ојлески.

За утрешниот натпревар против Словенија, ќе имаме пријавено двајца голмани, Ристовски и Митревски.

Во текот на утрешниот ден во утринските часови Раул закажа тренинг, а натпреварот со Словенија започнува во 19.30 часот.