Connect with us

Ракомет

Раул го скрати списокот, без Томовски и Крстевски во Белград

На пријателските натпревари против Саудиска Арабија и Србија, Раул Гонзалез нема да смета на младите, голманот Мартин Томовски и средниот бек Горан Крстевски.

Ваквиот потег на Раул Гонзалез укажува на тоа дека селекторот нема да ги понесе овие двајцата ракометари и во Хрватска, па иако не е дефинитивно, може да се заклучи дека сега составот брои 19 ракометари.

Од четирите голманите кои беа во составот, логично беше еден да отпадне, Раул се одлучи тоа да биде Мартин Томовски, во составот остануваат Борко Ристовски, Никола Митревски и Златко Даскаловски. Конкуренцијата и на бековската позиција е голема, па во составот ќе нема место и за Горан Крстевски.

Ракометарите денеска и утре имаат тренинзи во Скопје по што во четврток ќе отпатуваат за Белград каде во истиот ден ќе играме против Саудиска Арабија, а во петок против домаќинот Србија.

Подготовките ќе бидат довршени во Скопје од каде на 11. јануари се тргнува за Загреб. Првиот натпревар на Македонија на Европското првенство е против Словенија на 13. јануари.