Connect with us

Ракомет

Раул Гонзалес повика 19 играчи за дуелите против Србија и Саудиска Арабија

Раул Гонзалес одлучи на двата пријателски дуела во Белград против Саудиска Арабија и домаќинот Србија да повика 19 ракометари.

Меѓу повиканите не се голманот на Металург, Мартин Томовски и средниот бек на Еурофарм Работник Горан Крстевски.

По кратката пауза за новогодишните празници, репрезентацијата продолжува со тренинзи во СЦ „Борис Трајковски“ уште денеска и утре, а веќе во четврток наутро заминува за Белград, каде истиот ден ќе одигра контролен меч против Саудиска Арабија, а во петок црвено-жолтите ќе играат против Србија.

Во враќањето од Белград, следуваат завршните подготовки до 11 јануари кога селекцијата заминува за Загреб.

Првиот меч на Европското првенство во Хрватска, репрезентацијата на Македонија ќе го игра на 12 јануари против Словенија, а во групата за противници ќе ги има и селекциите на Црна Гора и Германија.