Connect with us

Ракомет

Раул Гонзалез: Момците одиграа со срце, но верувајте беше многу тешко

„Момците играа со срце, синоќа уживавме по натпреварот, но верувајте беше многу тешко. Црна Гора едно полувреме беше подобра. Но, во вториот дел реагиравме и среќен сум за победата. Сега треба да заборавиме на овој дуел и да се насочиме кон Германија. Попладнево ќе се спремаме со тренинг и со видео сесија. Верувајте ќе биде многу тешко, попладнево ќе одлучам со кои ракометари располагам. Не мислиме на следната фаза туку само на Германија“ , изјави Раул Гонзалез.