Connect with us

Фудбал

Разочараниот Н’Зонзи исчезна од радарот

Играчот од средниот ред на Рома, Стивен Н`Зонзи, не се појави за официјалниот медицински преглед во клубот пред почетокот на летните подготовки. Според италијанските медиуми, ова е стратешки потег со кој 30-годишниот играч се обидува да изнуди трансфер на Олимписки Лион.

Вчера, Н`Зонзи требаше да се појави во „Вила Стјуарт“, каде што клубот ги одржа медицинските прегледи на играчи кои на почетокот на јуни немаа обврски за националните тимови. Французинот не дојде за тестовите, ниту пак даде објаснување за неговото отсуство.

„Волците“ платија скоро 30 милиони евра на Севиља за светскиот шампион со Франција пред речиси една година. Поранешниот фудбалер на Стоук Сити не успеа да се наметне на „Олимпико“ на начинот на кој сите го очекуваа.

Иако заради финансискиот ферплеј на УЕФА, Рома не можат да го продадат за помалку од 25 милиони евра, се очекува дека Н`Зонзи брзо ќе биде пратен под наем кај друг тим. Лион бара играч од неговиот профил, бидејќи веројатно ќе го продаде Танги Ндомбеле, кој е посакуван од Тотенхем.