Connect with us

Фудбал

Реал до крајот на месецот ќе купува во Лондон

Реал Мадрид до крајот на преодниот рок би можел да донесе одредени засилувања.

Како што пренесуваат англиските медиуми, „Кралевите“ ќе се обидат да го донесат левото крило на Челзи Маркос Алонсо.

Заминувањето на Тео Хернандез во Реал Сосиедад, Реал на левата страна го има само Марсело и актуелниот шампион на Европа ќе се обиде на таа позиција да ја пополни со Алонсо.

До крајот на преодниот рока ќе се обидат да го завршат трансферот. Наскоро ќе ја испратат официјалната понуда до Челзи, но „Плавите“ тешко дека ќе се откажат од фудбалерот кој многу му значи.

Алонсо минатата сезона беше еден од најдобрите играчи на лондонскиот клуб и беше ретка светла точка во очајната сезона за тимот од „Стемфорд Бриџ“.

Шпанецот кариерата ја започна токму во Реал, но никогаш не доби вистинска шанса. Дали на крајот сепак ќе одлучи да го облече дресот на екипата од „Сантијаго Бернабеу“ ќе видиме до крајот на месецот.