Connect with us

Фудбал

Реал го нуди Модриќ и 50 милиони евра за сенегалски дефанзивец?!

Наводната понуда за која пишуваат шпанските медиуми е дека Реал нуди 50 милиони евра + Хрватот Лука Модриќ за Сенегалецот Калиду Кулибали (28) од Наполи.

„Толку многу го сакам Кулибали што за него одбив 105 милиони евра“ – изјави претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.

Договорот на Модриќ со Кралскиот клуб истекува во јуни 2020, па на овој начин Реал би можел да профитира и на негов трансфер.